Home / Галерија / Интервју: Ѓорѓева Зорица – моден дизајнер

Интервју: Ѓорѓева Зорица – моден дизајнер

Ѓорѓева Зорица е моден дизајнер кој во своите дизајни создава еден поинаков пристап во перцепирањето на високата мода. Таа штотуку започнува да ја крои својата успешна приказна во светот на модната индустрија, ако така може да го наречеме пазарот во Струмица.

Секако, модното студио Marie Antoinette fashion atelier допрва станува предизвик за секоја дама. Ѓорѓева Зорица креира еден археотип на мода која е високо стилизирана, нежна, суптилна, додека нејзината визија и искуство во занаетот ја прават уникатна за нашиот град.

m1

Обоена во тоновите на есентта и зимата дамата облечена во е повторно кралица која завојува.
Ројалната тафта и француска чипка ја раскриваат аристократичната природа на современата жена, а рачно изработените детали се нејзин неповторлив белег.
Таа е жена Мистерија со уникатен стил, не се плаши од непознатото, раскрива нови светови и расте заедно со своите соништа…

zorica11Кога за прв покажавте интерес за мода, дали уште како мала сакавте да дизајнирате?
» Модата отсекогаш е била моја страст. Уште како мала бев дел од овој свет, бидејќи и мајка ми шие. Постојано шиев фустани на куклите и чкртав по листови хартија, без да знам што всушност правам. Подоцна разбрав дека тоа се скици на фустани. Уште ги чувам како најголемо богатство, макар и несовршени, совршено ми напомнуваат на тоа никогаш да не се откажуваме од своите мечти, макар понекогаш да ни изгледаат невозможни.

Што за вас претставува креирање моден бренд?
» Модниот бренд претставува индивидуалност, иновативност и свој личен печат. Тоа бара постојанство, силна дисциплина и одаденост. Тоа значи работа со идеи, излегување од границите на нормалното и општествено- прифатливото. Понекогаш дури превземање ризик за да постигнеме автентичност и стил.

ma1

Каква облека најмногу сакате да дизајнирате, кои ви се омилени материјали?
» Облека која дозволува да дојде до израз аристократичната природа на современата жена. Тоа се вечерните тоалети, бални тоалети и венчаници. Нив секогаш ги надополнувам со шапка која е мој препознатлив белег. Висококвалитетните материјали се многу важни за мене, еден дизајн не може да ја добие својата вистинска крајна визија без добар квалитет. За таа цел ги користам ројалната тафта, свила и француска дантела кои ја следат структурата на телото и ја раскриваат нејзината женственост.

Кој ви е омилен стил?
» Стилот како начин на изразување наоѓа израз и во двете мои колекции. Кројка која ја следи линијата на телото и балерина стилот надополнети со шапка ја раскриваат онаа романтична и ројална димензија, израз на префиннетост и елегантност.

Од каде црпите инспирација?
» Од секаде. Кај нас креативните луѓе инспирацијата секогаш доаѓа неочекувано, во тишината, во длабокиот допир со себеси и околината што не опкружува. При креирањето на фустан понекогаш е доволен само допир со материјалите за приказната да започне да се создава.

Каква е приказната за настанувањето на твојот бренд?
» Уште од мала имав страст кон модата. Но не мислев дека некогаш и професионално ќе се занимавам. Завршив Меѓународни односи во Софија, каде се занимавав со Европски проекти, но и за време на моето студирање боите секогаш ми беа в рака. Ги сонував моите фустани и имав неуморна желба да ги оживеам. Затоа решив да го проследам мојот детски сон и да се занимавам со нешто што ме исполнува. Така започнав работа во шведската фирма H&M каде постојано бев опкружена со креативни луѓе полни со страст и енергија и тоа беше оној круцијален момент да решам да почнам со реализација на мојата модна приказна, “I have a dream…” кое e главно мото на Marie Antoinette fashion atelier.

ma2

Кои модни трендови влијаат на твојот стил?
» Претпочитувам влијанието да оди по линија стил – моден тренд, а не обратно. Како што рекла Мademoiselle Coco: Модата бледнее, стилот останува вечен. Оваа година на пример беше модерна кожата како материјал, затоа изработив модерен дизајн, но во ројална форма. Секогаш треба да најдеме начин да се изразиме себеси, а не да бидеме роби на комерцијалното.

Омилени дизајнери?
» Сите ми се омилени, секој дизајнер си е посебна приказна за себе и во секој може да најдеш некоја оригинална креативна идеја. Но доколку би требало да издвојам би ги издвоила Шанел со својата симплифицираност и Диор со својата екстравагантност.

Какво е твоето мислење за модата во Струмица, умеат ли струмичани да се облекуваат добро, знаат ли да почитуваат македонски брендови?
» Модата на нашите простори во последните неколку години преминува на повисоко ниво. Благодарение на глобалната врска со светот, многубројните модни портали, расте и интересот за модата. И не само интересот, а и познавањето на истата. За жал сеуште се плашиме целосно да излеземе од комфортната зона на она што е општествено прифатливо и нормално, но јас лично се почесто забележувам по нашите улици луѓе со изграден стил, иновативен стајлинг и умешна комбинација од бои. Почитта е резултат на взаимно прифаќање и разбирање, и на тоа треба да продолжиме да работиме. Бидејќи македонски бренд не е нешто што треба да биде ориентирано само кон комерцијализација, тоа е работа со идеи, креативност и оригиналност.

Ќе можеме ли да видиме наскоро целосна ревија или учество на некоја од модните недели во Македонија?
» Пред некое време беше промовирана последната колекција на Marie Antoinette fashion atelier “Mistery”, но во тек е и подготовката на нова за пролет-лето 2014 која ќе биде промовирана во почетокот на наредната година кога Marie Antoinette fashion atelier ќе прославува и една година од своето постоење. Приказната продолжува.

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top