Home / Забава / Знаеш дека си струмичанец кога:

Знаеш дека си струмичанец кога:

Секако дека може да има и повеќе точки кои би ве дефинирале како струмичанец, ова се само мал дел од идеите кои ги испратија нашите читатели. :)

Фотоманипулација: Кончалиев

Фотоманипулација: Кончалиев

1. Комшиите ти доаѓаат преку ден на кафе, непоканети.
2. Викаш: Оди слики се на бурчо!
3. На аеродром ти имаш најголеми куфери.
4. Излегуваш во 12 вечерта, баровите се најдоброто за тебе.
5. Сите твои деца имаат прекари, кои немаат врска со нивните вистински имиња.
6. Уште саат време откако си станал да си одиш од некаде, разговараш со домаќините, пред врата.
7. Цел стан ти е прекриен со теписон. Паркетот не се гледа никаде.
8. Си бил како малечок на чуката и си се дерел без престан.
9. На секоја врата имаш ставено и завеса.
10. На масата во кујна имаш ставено пластична мушама.
11. За тебе зборот уше има посебно значење – Ујшто!
12. Кога си бил мал, мајка ти те бркала со метла или со сукало, викајќи – застаниии – за да те удри.
13. Не постои за тебе само еден пат, постојат и двата пата.
14. И чешел за тебе има посебно значење како збор, претставува пазар.
15. Нормално е на свадба да се канат по 600 луѓе.
16. Доста ми се чушки, френки – ти е толку нормална песна.
17. Дома имате кујна со последна технологија, но мајка ти готви во подрум, на шпоретот од старата куќа.
18. Дома ти е забрането да зборуваш англиски.
19. Ако си девојка и имаш 20 години, се сметаш за најубава во светоФ.
20. Животот ти е заснован на претскажувањата од шољата од кафе.
21. Се плашаш од Шило од баиро.
22. Твоите родители се поим во градот, оти градот е мал, а во него сите се знаеме.
23. Мајка ти често те опоменува да не седиш на чементо или на бетон, затоа што ќе настинеш
24. Баба ти стално те опоменува да не седиш на промаја.
25. Мајка ти често ти вели: – Ќе видиш ти кога ќе се врати татко ти.
26. Ако живееш надвор од Струмица саа мислаш на „леблебија“, улица полна со живот и убаво ти е.

Доколку имате некои други идеи слободно додадете ги во коментар!

Нешто пораzлично од градот...

2 comments

  1. kade si ?
    pred Global

  2. Дај ми една бунела за компиро :) )

Leave a Reply to sadk Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top