Home / online / Напорот прави од гасеница – пеперутка

Напорот прави од гасеница – пеперутка

Ако на некој начин ни беше дозволено да го живееме животот без проблеми и потешкотии, тогаш ќе бевме многу оштетени. Проблемите, маките ги прават луѓето посилни.

Понекогаш напорите и тешкотиите се неопходни во животот, само со една единствена цел, да станеме посилни. Секогаш е возможно да победиме, да се справиме со проблемите.. секогаш, ако веруваме во тоа, ако имаме шанса за победа тогаш има и начин.

b1

Приказната за пеперугата ја потврдува таа теза: „Во една метаморфозирана гасеница се појавила една пукнатина и еден случаен минувач ја забележал и стоел со часови и набљудувал како преку таа мала пукнатина се обидува да излезе пеперутката. Поминало повеќе време, но пеперутката како да се откажала од напорите да излезе, а пукнатината останала мала како и пред тоа. На човекот му се присторило дека пеперутката направила се што е можно и дека во неа веќе нема повеке сили. Решил да и помогне и зел едно мало ноже и ја раширил пукнатината. Пеперутката излетела веднаш. Но, нејзиното тело било слабо и немоќно, крилјата и биле недоразвиени и едвај се движела. Продолжил човекот да набљудува, надевајќи се дека крилјата на пеперугата ке закрепнат и таа ќе може да летне. Но, ништо подобро не се случило. Преку остатокот од животот перегуата се влечела по земјата, не можела да летне. И само заради тоа што човекот сакајќи да и помогне, не разбрал дека НАПОРОТ за да ја напушти гасеницата во биолошкиот процес на пеперутката и е НЕОПХОДЕН за да може течноста од телото да помине во крилцата, тие да се рашират, а таа да летне. Животот и зацртал на пеперугата со напор и труд да ја напушти таа обвивка, за да може да расте и се развива.

ПОНЕКОГАШ НИ СЕ НЕОПХОДНИ НАПОР И ПОТЕШКОТИИ ЗОШТО НЕМА ДА МОЖЕМЕ ДА СТАНЕМЕ СИЛНИ…НЕМА ДА МОЖЕМЕ ДА СМЕ СИЛНИ КОЛКУ ШТО ТРЕБА ДА БИДЕМЕ!

Пишува: Др. Љубинка Вета

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top