Home / Маркетинг / Johnnie Walker со стаклен автомобил во кампања против возењето во пијана состојба

Johnnie Walker со стаклен автомобил во кампања против возењето во пијана состојба

Aлкохолниот бренд Johnnie Walker ги импресионираше набљудувачите на светот на маркетингот со добро изработена реклама, формирана во рамките на неговата кампања против возењето во пијана состојба Join the Pact.

Join the Pact.2

Марката која е корпоративен партнер на тимот од Формула 1, Vodafone McLaren Mercedes, во Сингапур емитуваше 90 секунден филм кој покажува тркачки автомобил направен од 1750 чаши за виски. Видеото е изработено со маестрална компјутерска графика и покажува како автомобил од чаши се крши со брзина од 300 фрејмови во секунда, наведува The Drum.

Стаклениот автомобил го имитира она возило на Vodafone McLaren Mercedes.

Join the Pact.1

“Автомобилот е прикажен за да потсетува колку е важно да се зачува контролата не само на патеката за брзо возење, туку и на јавните патишта. Секој кој седнува зад воланот треба да вози со целосна свест за последиците кои можат да произлезат од губење на контрола – да се изгуби трката или уште полошо – нешто друго, многу поважно”
, мислејќи за животот коментира еден од членовите на тимот на Ф1 Џенсон Батон.

Кампањата е дело на агенција Iris Worldwide од Сингапур и доби рејтинг 8 од 10 во online каталогот со најновите реклами од светот AdsOfTheWorld.

Ова е рекламата на денот. И Strumica Online се приклучува кон повикот на Johnnie Walker секогаш да правиме вистински избор и да седнуваме зад воланот единствено ако сме трезвени.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top