Home / Забава / Интервју: DJ Alex за прв пат во Струмица

Интервју: DJ Alex за прв пат во Струмица

На 12-ти декември во дискотеката „Платинум“ во Струмица, во организација на Младинскиот Совет ќе се одржи несекојдневна забава за младите струмичани.

alex

Од Младинскиот Совет велат дека младите кои ќе дојдат на забавата овој пат нема да имаат покомплицирани задачи, освен да не се грижат за изгледот ниту за длабочината на нивниот џеб, доволно е да дојдат со бели маички и позитивно расположение.

Главната задача ќе ја има светски познатиот ДиЏеј Алекс Цветков, кој после многу долго време се враќа во родната Струмица.

Alex Cvetkov Picture 2

Кога започна да пушташ музика?
»Започнав да пуштам музика кога имав само 14 години.

Омилен диџеј/ артист?
»Еден и единствен диџеј/ артист кој навистина ми се допаѓа е Joris Voorn.

Кои ти се омилени стилови во електронската музика кои сакаш да ги слушаш, а кои сакаш често да ги имаш во твоите сетови?
Слушам навистина секаква музика. Ако е добра траката, тогаш е добра. Сакам електронска музика, но и џез, тоа слушам најчесто, додека во моите сетови може да се слишне најмногу tech house, techno, но се зависи од приликата и луѓето.

Каде си настапувал до сега?
»Сум настапувал на многу места, во многу клубови во Словенија, Хрватска, Србија и Амстердам. Имам еднаш настапувано и во Македонија.

Кој настап ти е најомилен?
»Најомилени настапи ми се настапите во нашиот локален, домашен клуб „Ambasadu Gavioli“. Станува збор за навистина посебно место.

Што очекуваш од струмичката публика?
»Од струмичката публика?! Па не знам. сеуште немам настапувано и свирено таму, но се надевам дека ќе има добра и весела публика и ќе имаме одлична журка.

Како е да се пушта музика дома, во родниот град на твојот татко?
»Па, супер е!. Македонија и луѓето овде од секогаш ми се допаѓале премногу.

logoprosojni

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

One comment

  1. Alex je car,ima strašna muzika on je eden od najdobrite Dj

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top