Home / Мода / Есенцијата „Velvet“ на Dolce & Gabbana

Есенцијата „Velvet“ на Dolce & Gabbana

Мини филмот за колекцијата „Velvet“ на Dolce & Gabbana ја изразува силата на природата претставена преку вулканската ерупција и романтизмот на летниот шепот на ветрот низ завеси од реси.

в1

Уметноста на кроењето и уметноста на парфемот во заедничка, магична игра. Оваа извонредна комбинација на неколку инспиративни нишки заедно направи маестрално претставување на движечката сила која стои позади Dolce & Gabbana, а истовремено и презентација на сите тие работи кои ја прават Италија толку посебна.

Дизајнерите Domenico Dolce и Stefano Gabbana за овој филм и за оваа нивна колекција едноставно наречена „Velvet“ ќе додадат: „Кадифе е материјал со двоен персоналитет, луксузно, а во меѓувреме и едноставно, отмено, но исто и сиромашно, лефтерно… Таа двојност е во срцето на се што ние правиме…“

Новиот мини-филм на Dolce & Gabbana раскажува за обединувањето на модата со убавината, за создавањето на нова облека, но и на парфемот од извонредната „Velvet“ колекција. Се што го инспирира дизајнерот е отелотворено во нивната работилница како и во лабараторијата каде се создава прекрасната комбинација на мириси. Сигурно ќе ја најдете палетата од мириси кои ќе се залепат на вашето тело, композицијата која ќе го отслика вашиот карактер. Овие дизајнери никогаш не престануваат да изненадуваат, интересот за нивните колекции секојдневно расте, дали сте еден од оние кои би сакале да имаат парче од нивната уметност?

За Strumica Online пишува: Ана Марија Јованова

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top