Home / Uncategorized / Јавен тоалет претворен во одличен кафе-бар

Јавен тоалет претворен во одличен кафе-бар

Продолжуваме во контекст на претходниот текст поврзан со старите објекти и овде ќе зборуваме за нивната реупотреба. Кафе барот кој ќе го видите во продолжение претставува референтен позитивен пример за реупотреба на стар објект.

a1

Да  седиш до користен порцелански писоар од викторијанската ера притоа пиејќи високо квалитетно кафе не е нешто на што секој човек би се согласил.

a2

Кога го виделе натписот за издавање на стар викторијански јавен тоалет,  двајца пријатели од Лондон – Толинсон и Русел мислеле дека тоа е одлична идеја и можност за нешто ново и интересно во Лондон.

Јавниот тоалет кој не бил во употреба последните 50 години, после 2 години реновирање и темелно чистење  бил претворен во пријатен кафе бар.  Реновирањето чинело 100.000 долари и кафе барот “Attendant” бил отворен на 18 февруари.

Освен високо квалитетно кафе,”Аttendat” нуди и вкусна храна која се подготвува во кујна која претходно била канцеларијата на управникот на јавниот тоалет.  Кога  еден посетител бил прашан што мисли за кафе барот тој рекол: „Тука мириса навистина убаво!“ :)

a3

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top