Home / Галерија / Девојката на неделата: Карлота Оди (Carlotta Oddi)

Девојката на неделата: Карлота Оди (Carlotta Oddi)

Асистентката на Anna Dello Russo во модниот одел на јапонскиот Vogue, Carlotta Oddi порасна недалеку од Милано и студираше дизајн на ентериер на Миланскиот технички универзитет, а по тоа се одлучува за моден дизајн.

odi1

Работата со Anna Dello Russo беше сосема неочекувана и случајна прилика за неа и преку неа научила сè за организирање снимања и случувања, како и водењето на блогот.

odi2

Carlotta најмногу сака да ги застапува италијанските дизајнери, а меѓу најомилените и се Maria Grazia Chiuri и Pierpaolo Piccioli од Valentino, и секако Miuccia Prada. При тоа еднакво добро изгледа во кратки фустанчиња, оверали, капути или “bomber” јакни.

„Мојот стил е романтично-chic, со rock ‘n’ roll дух“, така се карактеризира оваа симпатична плавуша. „Сакам женствените линии да ги комбинирам со груба кожна јакна или спојот на панталони со обична бела маичка.“

odi3

На модните недели никогаш не се појавува без своите најомилени кожни јакни и одлични мини здолништа со рамен крој или со висока половина, кои совршено и одговараат. Асистентката на Anna Dello Russo обожава линии (пруги) во сите варијанти.

odi4

Својот изглед често го надополнува со панделки во косата, па дури и има панделка тетоважа, или со накитот од мајка и.

odi5

Признава дека како мала обожавала да патува со мајка и во Милано и со неа да пазари во бутиците. Претходното лето не се оддели од очилата за сонце со огледало-стакла кои одлично се вклопуваа на нејзиниот изглед, дури и на обични строги комбинации на црни панталони и бела кошула изгледаа премногу добро.

odi6

About AnMary

Моден дизајнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top