Home / online / Жени земјоделки

Жени земјоделки

Жени земјоделки (фармери) или попознати денес како рурални жени имаат значајна улога во руралната економија, во економски развиените земји и во земјите во развој.

ок11

Во нашата земја како и во другите земји во развој тие учествуваат во растителното производство , во грижата на добитокот, во обезбедувањето на храна, вода, огрев за нејзиното семејство. Руралната жена и покрај активностите кои ги има како жена – домаќинка, како мајка која витално се грижи за своите деца и за постарите лица, таа активно учествува во активностите на семејната фарма.

бб11Федерацијата на фармерите на Република Македонија е национална признаена организација која активно 10 години работи во поддршка на сите фармери и на земјоделскиот сектор во Македонија и има за цел да ги унапредува и заштитува економските, социјалните и културните интереси на фармерите и земјоделските групи/ здруженија. Во својот состав има вклучено две социјални мрежи. Мрежата на жени фармери и мрежата на млади фармери.

Со традиционални јадења подготвени од рацете на земјоделската жена, поздравни говори, песни и македонски ора на ваков начин Федерацијата на фармерите на РМ по шести пат го прослави 15 октомври – Меѓународниот ден на руралната жена во Неготино. Како традиција на самата манифестација се одржува натпревар на најдобро зготевено јадење, направено благо и сл. Оваа година Меѓународниот ден на руралната жена се прославува во 80 држави под мотото „Барај го своето право за достоинство и образование”.

Драги мои дами и жени – фармери сите вие сте со благослов на челото и затоа сите гордо главите горе.

Жената фармер можеш да ја најдеш на нивите на тракторот, во куќата, во кујната покрај децата покрај семејството покрај пријателките и секогаш да биде стокмена за секоја прилика, а тоа верувајте тешко некој да го може.

Затоа ние сме поразлични од другите и затоа ние со наши заеднички сили ќе работиме на уште поголема едукација и наше здружување за достоинствено да ги добиеме нашите права и рамноправно да се носиме со другите општествени структури – порача член од мрежата на жени фармери.

да

Затоа жени земјоделки не дозволувајте да бидете потценувани, Вие имате една значајна улога, а тоа е да произведувате храна.

Пишува: Дијана Стоичовска

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top