Home / Галерија / Топ 5 најдобри светски модели за 2013

Топ 5 најдобри светски модели за 2013

Иако на оваа листа би требало да бидат Saskia De Brauw, Karlie Kloss, Lindsay Wixson и Cara Delavingne кои се на врвот во модниот свет и кои им се познати на сите, токму поради таа причина пронајдовме други, помалку познати, но еднакво квалитетни лица кои самоуверено чекорат и ја освојуват модната писта.

На нашата листа топ оп 5 најдобри светски модели за 2013 година се: Sasha Luss, Lily McMenamy, Edie Campbell, Malaika Fert, Soo Joo Park.

Sasha Luss

sara

Sasha Luss, која кариерата ја започна во 2007 година, успеа да го покори не само Raf Simons, туку и целиот моден свет. Првата голема ревија ја „одработи“ во 2011 година, носејќи Chanel Paris- Bombay cruise колекција. По тоа следуваше ексклузивна соработка со Dior и шест ревии на модната недела на високата мода, но најплодната нејзина сезона беше есен/зима 2013 година кога беше дел од 58 ревии! Потоа пролет/лето 2014 година со 53 ревии, рекламни кампањи за брендовите Valentino, Tommy Hilfiger, Carolina Herrera, многу едиторијали, насловни страни со што навистина ја прават еден од најекспонираните модели на денешницата.

Lily McMenamy

luli

Ќерката на познатиот модел Kirsten McMenamy го наследи необичниот изглед од нејзината мајка, со што и ја осигури побарувачката во модниот свет. Нејзините пози и изрази на лицето се нејзин заштитен знак. Не сака да им се покорува на стандардите на убавината и токму заради тоа ја сакаат сите – од модни дизајнери, преку фотографи, па се до креативните тимови на магазините.

Edie Campbell

edi

Победничката во категоријата „Модел на годината“ на British Fashion Awards всушност со гордост може да се носи со титулата. Токму таа беше викторијанска кралица во рекламната кампања на Alexander McQueen, надреална андрогинозна вила за Jil Sander, необичен набљудувач кај Marc Jacobs или едноставно убав модел за кампањите на Burberry, Saint Laurent и Lanvin. Само во 2013 година украси полни 5 насловни страни на различни изданија на магазинот Vogue и ја отелотвори Minnie Mouse на насловната на јубилејното издание на магазинот Love.

Malaika Firth

malaika

Malaika Firth е една од најбараните дебитанти на модинте недели за сезоната пролет/лето. Учествувала во повеќе од 50 ревии, меѓу кои и оние на модните куќи Marc Jacobs, Miu Miu, Valentino, Burberry, Proenza Schouler и многу друѓи. Оваа 19-годишна девојка толку многу и се допадна на Miucciа Prada, па ја ангажираше за ревиите на Miu Miu, Prada, Prada Menswear, дури и за рекламните кампањи на Prada. Така за само една година успеа да ја достигне големата Naomi Campbell. Всушност Naomi беше последната црнкиња – модел во рекламната кампања на италијанската модна куќа во далечната 1994 година.

Soo Joo Park

sojoo

Платинесто русата коса на моделот и го отвори патот кон иднината, иако една од највпечатливите овогодишни дебитантки има веќе 26 години, што е веќе доцна доба за успех во светот на модата, карта за влез и беше снимањето за Cr Fashion Book каде Carine Roitfeld ја запозна со Tom Ford и Karl Lagerfeld. Како резултат на познанството, Soo Joo не само што се појави на нивните ревии, туку и на барем илјада други рекламни кампањи на модните куќи Chanel, Tom Ford, Benetton, Gap, многу насловни страни и едиторијали.

About AnMary

Моден дизајнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top