Home / online / Вечна љубов

Вечна љубов

Пристигна добра вест за непоправливите романтичари: научниците докажаа дека љубовта која трае цел живот не е клише излезено од филмовите и романите.

Таа е реална (и по сè изгледа научно докажлива).

lubov3

Сигурно во главата сега ви навираат слики од љуѓе кои успеале во љубовта, вашите баба и дедо, родители, старите од твојата улица или оние искрени добри луѓе кои живеат на планина цел живот и еднаш за време на посета на нивното село ве понудија со чај. Да, вечната љубов постои, таа е процес кој се гради и одржува во текот на цел живот.

love2Користејќи мозочни скенери истражувачите од Стони Брук универзитетот во Њујорк откриле дека кај мал број на парови постои истата страст и чувство на вљубеност, како што е на почетокот од вљубувањето, и после 20 години.

Истражувачите ги скенираа мозоците на оние парови кои се заедно 20 години и ги споредија со оние на „свежо“ заљубените. Околу 10 проценти од овие првите ја имале истата хемиска реакција кога им покажувале слика од нивните сакани како и оние кои се во првата фаза на вљубеност. Ова ги побива претходните истражувања со кои се тврдеше дека првиот бран на романтична вљубеност бледнее во рок од 15 месеци, за по 10 години сосем да исчезне.

Како симбол на вечната љубов некои традиции и култури ги сметаат “љубовните катанчиња”.  Заљубените ги гравираат своите имиња или иницијали на катанчето, истото го поставуваат на ограда, жица или ѕид и клучот го фрлаат во река. Со тоа веруваат дека нивната љубов ќе трае вечно и ќе се сакаат засекогаш.
Се смета дека оваа убава традиција потекнува од Кина, а со текот на времето се распространила во Кореја, Јапонија, Италија, Русија, Украина, Америка итн.

lubov

Едно од најпознатите такви места се наоѓа над реката Сена во Париз, на мостот „Ponts des Arts” кој се смета за најромантично место во градот. Таму, на оградата од мостот се заклучуваат овие претходно гравирани љубовни катанци кои ја симболизираат вечната љубов, а клучот го голта реката, со целата љубов во неа .

Ова се основните 5 совети за вечна љубов, здравје и среќа

Фокусирајте се на позитивното

Превземете одговорност за вашата среќа

Споделете ја својата страст

Почитувајте се

Бидете интимни

lubov1

Љубовта е најмоќната сила во нашето постоење, таа е основна егзистенционална особина која би требало секој од нас да ја гаи и одгледува. Љубовта може да го направи сето она што сме се обидувале претходно да го направиме по некој друг начин, а не ни успеало. Таа може да го скроти секое срце. Љубовта има моќ да Ве промени, а и да го промени светот.

Дури и кога читаме љубовна приказна , каде двајца луѓе се сакаат еден со друг, преку нив и ние самите можеме да разбереме што всушност значи тоа. Можеме да ја разбереме и споделиме нивната љубов. Ние сме трогнати од нивната љубов. Тоа е така затоа што ние сме суштества на љубовта.

Дали имате некој за кого би се откажале од сопствениот живот? Знаете дека има парови кои после долги години заедно, починале во еден исти ден? Да љубите некого со толкаваживотна исполнетост е најважно. Да создадете насмевка на лицето на вашиот партнер, тоа е она што го исполнува срцето со радост. Да се биде причината за таа насмевка е тоа што го тера вашето срце да потскокне.

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top