Home / Колумни / Екстремните спортови и малиот град

Екстремните спортови и малиот град

Сакате ли возбуда? Потребен ли ви е адреаналин? Желни ли сте за авантура? Тогаш, веројатноста да имате потреба од екстремен спорт е очигледна.

струмицаонлајн

„Во денешно време, се поголем број од нас го напуштија своето место во гледалиштето за лично да скокаат од авионите, да се спуштаат со јаже од планините, да пловат со кајак низ водопадите и да нуркаат заедно со ајкулите.“

(од весникот WILLOW GLEN RESIDENT)

 

skateoutДоколку сакате да го дефинирате нивото на својата храброст, а со тоа да поставите нова црвена линија за вашиот предизвик, вие најверојатно треба да пробате некој од екстремните спортови кои во последните неколку децении земаат огромен замав кај помладите генерации. Сноубординг, скејтбординг, бајк, инлајн скејт, параглајдинг, клајбинг, виндсурфинг, кајтсурфинг се само неколку од низата екстремни спортови, а во зависност од можностите, секој од нив пооделно е развиен во одредена средина.

Така некои од спортовите се развиени во огромните метрополи, во урбаните центри низ светот, некој онаму каде што има океани, бранови, планини, екстремни водопади, патеки и тн. Секој пооделен спорт поставува уникатни услови за негово практикување, ова се акциони или авантуристички спортови. Голема брзината, висината, високото ниво на физички напор, специјализирана опрема и/ или спектакуларни акробациите се само дел од основните елементи кои се обидуваат да го дефинираат терминот екстремни спортови.  Официјална дефиницијата за екстремни спортови не е точно дефинирана, иако истражувањата покажуваат дека на пример велиозипедизмот е спорт со највисок степен на повреди ,сепак не се смета за екстремен спорт поради тоа што не се издвојува премногу од вообичаените спортови. Потеклото на терминот исто така не е доволно јасно, но самото име се стекна со голема популарност во 1999 кога беше избрано од една маркетинг компанија за пормоција на (Х) – Икс игрите.

Независен спорт кој најчесто се поврзува со урбаниот стил на живеење, далеку од она што значат традиционалните спортови, како и влијанието кое го оставаат во општеството, белегот. Овие спортови стануваат се попопуларни, без разлика дали станува збор за летање, лизгање, скокање, лебдење…, тие дефинитивно се “закануваат“  на нормалните спортови.

Промената на архитектурата на градот, на урбанистичкиот план, на адаптацијата на инфраструктурата на улиците, тротоарите, плоштадите, фонтаните може само да помогне во иднина овие спортови уште толку повеќе да се развијат и добијат на важност, посебно оние кои се вежбаат и практикуваат во градовите, училишните двороови,парковите и тн. Ролерите, скејтовите, бајковите се нов предизвик за секое дете, доколку градот ја нуди посебната градежна слика, надополнувањето може да го покрие секој недостаток на скејт паркови кои се адаптирани и збогатени со посебни објекти и елементи кои се потребни за развивање на овие спортски вештини или дисциплини.

sky1Станува збор за доста опсежна тема, област која покрива десетици форми на овие најразлични екстремни спортови, за кој најчесто не сме ни свесни дека некој ги применува, посебно не овде, на Балканот, во помалите градови. За да се развие свесноста и културата за екстремните спортови потребно е мобилизирање на повеќе млади кои најпрво ќе (за)почнат ентузијастички да се занимаваат со некој од овие спортови, за да после (со или без тренер, неважно) дури учествуваат на меѓународни турнири и натпревари. Се разбира дека треба да се актуелизира и да се популаризира оваа тема повеќе меѓу младината. Тоа најдобро се прави со градење на вистински скејт паркови кои на жалост најчесто ги нема кај нас. Во нашиве земји малкумина се оние кои навистина ги ценат талентот и пасијата на ваквите луѓе, а не е голема и поддршката од државата. Ретко каде можат талентираните да се истакнат, скејт-паркови има малку, а и оние кои ги има најчесто си ги прават тие самите. Да се издаде архитектонско – урбанистички и основен проект за изградба на скејт парк е нешто кое би требало да се појави во сите програми за развој на градот, општината, општеството како цело. Тие простори би ја нуделе потребната мност за рекреација и спортување, а со тоа и развој на алтернативните спортови како скејтбордингот, скокањето со велосипед и сл. Со тоа малите градови би се доближиле до она што е актуелнои е е во сè поголема експанзија во светот, како по масовноста така и по атрактивноста. Со ова се дава една нова можност на младите да експериментираат, да добијат можност за иницијатива и поттикнување на нивниот адреаналин.

parkour

Некогаш градовите можат самите по себе да бидат идеално место за практикување на овие спортови. Гратските скалила, рампи, тротоари, бетонски ѕидови, паркинзи се само дел од местата во било кој град каде може да се развиваат независно од потребата за посебни локации за вежбање. Ние се наоѓаме на почетокот на патот наречен афирмација на магијата на штицата, иако во светки рамки овие спортови го доживуваат врвот.

Овие урбани спортови покажуваат колку е жив градот, секако дека постојат разни корнери каде може љубител да проба, да научи. Можеби опремата е поскапа и сеуште не е толку достапна, но тоа би требало да биде дополнителен предизвик. Впрочем, екстремните спорови се дефиниција на слободниот дух, на желбата,на мотивот, инспирацијата, на храброста да се биде поразличен, подинамичен, поупорен во тоа што се обидуваш.

И иако можеби сеуште не се гледа така, овие авантуристички спортови можат секој град да го направат туристички центар, да се има производ кој би привлекол млади кои сакаат да се забавуваат и бараат авантура. Модерните натпревари привлекуваат илјадници туристи, а најдобрите спортисти во овие дисциплини допрва ја достигаат својата слава.

игор

Дали сте размислувале да внесете нешто ново во вашите еднолични животи, прифаќајќи го предизвикот и впуштајќи се во една нова авантура? Можеби би сакале да станете дел од нешто бескрајно возбудливо?! Дел од некој екстремен спорт? Можеби е време да пробате!

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top