Home / Мода / Christopher Bailey е новиот извршен директор на Burberry

Christopher Bailey е новиот извршен директор на Burberry

Christopher Bailey наскоро започнува ново поглавје во својата кариера – одборот на модната куќа Burberry го именува како главен извршен директор на брендот.

chris

Тој на оваа позиција доаѓа откако Angela Ahrendts доби подобра работна понуда во компанијата Apple. За Bailey овие промени ќе бидат од големо значење бидејќи не само што ќе управува со производните идеи и нивната реализација, туку и за сите прашања со кои се занимаваше до сега.. на пример, управување со економската политика на брендот.

Без разлика на поголемиот обем на работа и одговорности, Bailey е почестен со оваа одлука. „Растреперен сум од оваа понуда и ја ценам дадената можност да продолжам да управувам како креативен директор. Верувам дека иновацијата била и ќе остане клуч за нашиот успех, а ќе се трудам така и да остане!“- рече Bailey.

Пишува: Ана Марија Јованова

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top