Home / online / Водоча, местото за духовен спокој

Водоча, местото за духовен спокој

За оваа виртуелна прошетка решивме да ја презентираме легендата за Водоча.

Оваа идеја да ги доближиме местата од Македонија поблиску до нас е интересна, знаеме дека малкумина организираат приватни екскурзии, така, ова е вашата прошетка низ убавините на “оваа чудесна земја“.

DIGITAL CAMERA

Водоча – Легендата за ослепената Самоилова војска

Ако се прашувате од каде доаѓа онаа позната поговорка „Во земјата на слепите едноокиот е крал“ треба да пристигнете во селото Водоча, во непосредна близина на градот Струмица за да ја слушнете легендата за ослепувањето на четиринаесет илјадната војска на Цар Самоил од страна на византискиот Цар Василиј II, токму на овој простор се мисли дека се случил овој грозоморен настан, па оттутка и селото го добило своето име „вади – очи“, „вади – оча“ или село Вадоча, за после да биде именувано во Водоча.

манастир3Во атарот на селото се наоѓа познатиот манастирски комплекс на Водочки цркви. Се мисли дека манастирот Св. Леонтиј во с. Водоча бил седиште на струмичката епископија се додека не бил срушен. Првичната црква била посветена на Св. Богородица, додека средната црква е посветена на Св. Леотиј кој бил христијански маченик од градот Триполи, град во Феникија, кој бил убиен во времето на римскиот император Веспазијан во 79та година, поради прифаќањето на христијанството.

Во еден хилендарски акт од 1376 година се споменува дека епископот од оваа црква по име Данаил со претставници од световната власт ги решавал споровите околу границите на хилендарските имоти во околината на Струмица.

Според истражувањата, манастирот Св. Леонтиј имал три фази на грдба односно доградби. Најстариот дел на црквата се наоѓал на источната страна, сега можат да се видат само остатоци од олтарниот дел на оваа палеовизантиска базилика.

По срушувањето на првобитната базилика кон западната страна била подигната црква во облик на впишан крст. Во внатрешноста на црквата во 1958 година биле откриени одлично зачувани фрески на двата ѓакони Исавриј и Еуплос. Денес во манастирот на црквата само можат да се видат реплики од овие фрески, оригиналите се наоѓаат во Музеј на Македониа, фреските кои се од XI век по својот живопис се слични на оние од црквата Св. Софија и од црквата Св. Врачи во Костур.

Во текот на XII век била изградена големата источнокрстообразна црква. Фреските кои се насликани во овој период на познатите археиреи од тоа време зборуваат за една архаичност и елементи примени од византиското сликарство.

манастир2

Во црквата може да се види реплика од познатата композиција на „Четириесетте маченици“ која се смета дека пришаѓа на Xi век.

А во текот на XIV век била изградена и припратена кон западната страна на црквата. Се смета дека и овој дел бил фрескописан бидејќи се уште постои зачуван живопис на сводот, но сепак овој дел од црквата бил еден од најоштетените.

Во 1958 година била извршена одлична реконструкција на манастирот со сите нејзини пропратни елементи, а со својата импозантност сведочи за едно време кога всушност бил епископското седиште.

Во близина на манастирот е откриена и некропола која датира од XIV до XIX век.

Travel around Macedonia

Дипломиран етнолог, културен менаџер и туристички водич. Проект координатор во здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top