Home / Мода / Колку чини да се биде Anna Wintour?

Колку чини да се биде Anna Wintour?

Без оглед на заедничката перцепија на глобалниот аудиториум и сјајната површина каква што секогаш се прикажува, работата во моден магазин не значи добра заработка – ќе ви кажат сите модни инсајдери.

d5

Веројатно од таа причина во модните публикации обично работат девојки или момчиња кои зад себе си имаат позадина која им ја обезбедиле богатите родители, а оние кои во оваа работа влегле без добра заднина, во почетните месеци, но и покасно, мака мачат да ја платат сега веќе астрономската станарина во Њујорк или Лодон и со сето тоа да се задржат свежи, креативни и добро да погледнат кон насилното доаѓања на нови, свежи и агресивни млади надежи.

d1

Модата и модните списанија на крајот, сепак, се фантазија која им се продава на оние кои копнеат и на неколкумина кои навистина живеат. Како и во повеќето работи, доброто пакување секогаш е маска за другата страна на приказната која и онака не е значајна и дури по малку сурова за оние кои сметаат дека љубовта кон модата долговечно ќе ги храни, а потоа доаѓаат сметките и реалниот свет кој е толку многу во конфликт со оној модниот, да преминот од една во друга сфера е речиси вонтелесно искуство. Она што ги спасува модните луѓе се привилегиите. Привилегии кои ретко ќе ги најдете во некои други професиии. Системот е многу едноставен.

Работите за реномиран магазин, едвај собирате за станарина, но на себе имате нов Miu Miu кој го отфрли личноста над Вас или го дофативте од стилистичкиот шкаф. Јадете во Cipriani, но вечерата е службена, а бифето е отворено – и понатаму најважната работа која можете да ја навестите на поканата за било која забава. Како што најпаметно ќе рече Freddie Mercuri: ”Show must go on”. Сите овие работи секако се однесуваат на луѓето кои активно учествуваат во креирањето на магазинот, бидејќи магазинот не го прави само уредникот и двајца луѓе, туку работата и трудот на бројните уредници, помошници, волонтери, графичари, соработници… Сите оние на кои на полноќ главата им паѓа на тастатурата за да би испорачале нова доза на фантазија.

d2

Стилистите на издавачките куќи манично избираат облека во која нивните уреднички ќе позираат пред street style фотографите кои направија дополнителен притисок на и онака стресниот избор на жените, секојдевно забележувајќи ги новите комбинации од облека на своите street style ѕвезди и “треснувајќи“ ги ако случајно ја повторат таа иста комбинација неколку пати.

Во последно време модната сцена се претвори во право модно чудовиште кое прегазува сè пред себе и секогаш е гладно за уште. Во овој хаос само една жена седи мирно, го пие своето latte од Starbucks и не обрнува внимане на џунглата околу себе. Anna Wintour успеа во она што ниту една уредничка пред неа не успеа: стана институција која со едно одмавнување на раката може да ја уништи цела кариера. Сетете се само како ладно го сецираше исушениот Stefano Pilati во легендарниот документарец „ September Issue“. Модниот свет во 21от век се дели на Anna и на сите останати. Точка.

d3

Истовремено со модните недели, светските медиуми сакаат да ги наведат трошоците кои една модна редакција ги прави за време на гостувањето на одредена модна недела. Грдата глава на рецесијата се издигна над индустријата на луксузот и стави коса црта на сè, што е штета за „измачените души“ од почетокот на приказната, но за Wintour рецесијата е нешто што често се чита во New York Times.

Познато е дека Wintour патува со десетина најважни луѓе, вклучувајќи ги модните уредници, асистенти, стилисти, бјути уредници. New York Post открија дека трошоците за патувањето, патот и изнајмените Mercedes автомобили кои се на располагање цело време изнесуваат околу 250 000 $. Wintour отсекогаш престојувала во парискиот Ritz и тоа во апартманот во кој едно ноќевање чини неверојатни 12 000 $, а кој моментално е затворен поради преуредување. Нејзиниот тим најчесто престојува во хотелот Crillon или George V. Горенаведениот трошок не ги вклучува сите вечери, коктели и забави кои се приредуваат за одбран круг на луѓе за време на париската модна недела. Кога во 2009 година се обидоа да ги намалат трошоците како и сите модни магазини, Wintour одби и побара нејзиниот тим да биде целосен.

US fashion magazine Vogue's editor Anna

На модната недела не може да оди без соодветна дизајнерска облека. Wintour на располагање има џепарлак во износ од 200 000 $ кој е внесен како ставка во договорот, а служи исклучиво за набавка на дизајнерска облека по сезона.

Пред неколку години на интернет кружеше гласина која ја прошири поранешната нејзината ќерка Bee, а која тврдеше дека Wintour ги фрла чевлите откако ќе ги облече само еднаш или двапати. Дадилката земајќи ги фрлените чевли ги продавала на eBay. Со таков џепарлак не смееме да ги занемариме ни подароците кои ги вклучуваат новите чанти, чевли, облека, парфеми, креми, патувања и сè што можете за замислите, а чија вредност се вбројува во стотина илјади долари. Со сето наведено Wintour како главна уредничка на Vogue магазинот заработуваше 2 000 000 $ годишно, плата која нејзините колешки може да ја сонуваат. Со новата позиција креативната директорка на Condè Nast која ја зазема во 2013 година, нејзините приходи дополнително се зголемија и ја осигураа новата позиција на листата на најмоќни жени во светот на шоубизнисот Forbes.

Како што Anna би рекла: “That’s all”.

via @ buro247.hr

About AnMary

Моден дизајнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top