Home / Забава / Три чекори за полесно остварување на вашите соништа

Три чекори за полесно остварување на вашите соништа

Можеби мислите дека е премногу тешко да ги остварите вашите соништа, немојте да мислите дека тое е премногу лесно, сепак, постојат начини како да се фокусирате полесно на нив и со тоа да добиете позитивни резултати.

are1

На една година од сега, ветети си самите себе дека ќе бидете подобри, поуспешни, посвесни во се што правите. Ќе бидете благодарни за тоа што сте и како сте се однесувале денес, а секако помотивирани за да бидете уште пореализирани утре.

are2Ветети си дека ќе бидете подобар човек, подобрат брат, сестра, родител – подобар лидер. Дека ќе ја искористите приликата да размислувате повеќе и ќе бидете помудри, дека ќе донесувате подобри одлуки.

Треба да бидеме сигурни дека ќе бидеме поуспешни и ќе живееме посреќно, поздраво и декаќе имаме побогат живот, во секоја смисла. Ние сите треба да ги очекуваме овие работи од нас.

Значи, што би требало да направиме? Еве ги трите едноставни чекори кои ги користиме во овој метод:

Направете листа на вашите соништа;

Земете пенкало и хартија и запишете што сакате да бидете, што треба да направите и што имате во план да реализирате. Нека завладее вашата имагинација, не заборавајте да ги запишете сите ваши соништа – големи и мали.

Излепети ги вашите соништа;

Направете копии од листата на вашите соништа и планови и поставете ги насекаде каде што движите низ куќата – на огледалото на вашата бања, на фрижидерот, до вашиот кревет, дури и некаде во вашиот автомобил. Оваа акција ќе ги задржи вашите соништа во преден план и секогаш во центарот на вашето внимание. Таквата навигација покажала успешни резултати во многу случаеви.

Читајте ги секојдневно;

Докажано е дека ние стануваме она што го мислиме во поголемиот дел од времето. Колку повеќе ги гледаме пред нашите очи нашите соништа и цели толку повеќе размислуваме за нив.

are3

Ако веќе сте ги запишале вашите соништа, тогаш ставете ги пред вас и започнете да ги читате секојдневно. Такаќе бидете инспирирани и мотивирани повторно и повторно и ќе започнете полека да се движите во насока поблиску до реализирањето на вашите резултати. Ќе почнете да ги превземате правите акции, да ги среќавате вистинските, правите луѓе и вашите соништа ќе почнат да се материјализираат.

Знаеме дека е потребно одредено време, но зарем вашите соништа не се достојни за тоа? Се разбира дека се! Не дозволувајте ништо да ве одвлече назад или да ве држи во место. Вашите соништа денес може да бидат вашата реалност утре. Верувајте во тоа… очекувајте го тоа… живејте со тоа!

About admin

Митко Гогов aka kihuPotru - концептуален уметник, поет и граѓански активист. Уредник и автор @reper.net.mk @think.mk & @zenica.mk, претседател на Здружението Контекст.   Блогер, отворен за соработка #culture #art #media [fb] [twitter] [LinkedIn]

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top