Home / Uncategorized / Архитектура vs. мода

Архитектура vs. мода

Во последното време разликата помеѓу архитектурата и модата станува се понејасна бидејќи и двете се базираат на човечката идеја за брз развој, волумен и опкружување.

s1

Архитектурата и модата користат сличен речник како и слични технологии на конструирање користени од архитектите и дизајнерите. Генерално, модните дизајнери со тек на време развија сложена архитектонска форми со користење на ткаенина. Ткаенините и материјалите во модниот дизајн се користени за да се создадат дефинирани текстури, бои и дизајнирани елемени во една целина кои закорисниците се достапни во продавниците.

Покрај тоа, архитеконскиот дизајн ги користи материјалите за конструкција на сличен начин со слична цел. Во моментот, многу архитекти ги користат методите кои ги инкорпорираат технологијата и модата и со кои можат да развијат сложени и софтистицирани форми. Сите овие концепти се од суштинско значење бидејки новата мода и дизајн можат да придонесат многу за архитектурата во целина.

s2

Обидите да се создаде личен креативен идентитет се слични со обидите за се создаде личен простор на начин на кој тоа се прави со архитектонските форми. Целата оваа идеја за мода во облекувањето е со децении во постојан раст во општеството. Ова се случува особено кај луѓето кои стекнале статус во рамките на нивните културни групи со моќ да се продолжи со оваа идеологија и влијание врз другите културни групи кои допрва треба да го стекнат својот статус во општеството.

Начинот на кој објектите и облеката се изработуваат станува прогресивно слично поради развојот во архитектурата. Двете имаат длабока врска и тоа го прави раздвижувањето кај луѓето кога ќе видат производ кој е спој од овие две нешта, каде дизајнот станува импресивен во форма и големина и поседува моќ луѓето да се рефлектираат во умот на дизајнерите и консументите. Директната фузија помеѓу архитектурата и модата е во природното соединување на разни правци каде тие се посветени на потрагата по нови, убави и провокативни уметнички дела.

s4

Затоа, веќе пет години Авенијата Медисон, домот на дизајнерските продавници и уметнички галерии, организира изложба со наслов: ‘’Музеј на архитектура; каде модата се среќава со уметноста.’’

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top