Home / Uncategorized / Познати архитекти за познати брендови

Познати архитекти за познати брендови

Ако во претходниот текст зборувавме за архитектурата наспроти модата, во овој текст ќе посветиме внимание на тоа што кажале некои познати архитекти за други уште попознати модни брендови.

Знаеме дека во современото живеење архитектурата и модата се повеќе се надополнуваат, испреплетуваат, градат некоја меѓусебна, взаемна комуникација, однос кој допрва ќе се покаже во новите форми, во новите креации и проекти.

Заха Хадид за Шанел

Скулптуралниот мобилен павилион на Шанел кој беше поставен во Хонг Конг, Токио, Њујорк и Париз е дело на уникатната Заха Хадид.

aa1

„Ја одбрав Заха бидејќи мислам дека архитектурата е вистинска уметност на денешницата. Постојат прекрасни работи изградени дури и во земјите кои никој не ги посетува- зачудувачки и неверојатни , и има нешто многу интересно и возбудливо што се случува во архитектурата на 21 век. Тоа што ми се допаѓа кај Заха Хадид е тоа што успеа да пронајде начин да ја ослободи архитектурата од стегите на Баухаус. Имаме жена која е генијална, чии градби не можат да се споредат со ништо што сме виделе претходно. Има ли нешто подобро од тоа?“- Карл Лагерфелд за Заха Хадид.

aa2

Рем Колхас за Прада

Соработката помеѓу италијанската модна компанија Прада и познатиот архитект Рем Колхас трае повеќе од една деценија. Од ланецот продавници на Прада дизајнирани од Рем Колхас ви ја претставуваме продавница која се наоѓа во Њујорк. Станува збор за екслузивна продавница, галерија, простор за перформанси чија цел е да го дестабилизира секое мислење за тоа што е Прада, или што ќе биде Прада во иднина.

aa3

aa4

Ренцо Пиано за Хермес

Во срцето на Токио, на најпозната шопинг улица се наоѓа објектот на француска модна куќа Хермес проектиран од големиот Ренцо Пиано. На површина од 6 000 м2 во објектот се сместени бутик, работилници, деловни простории и мултимедијален простор и простор за перформанси.

aa5

aa6

Дипломиран инженер архитект на Универзитетот Американ Колеџ, Факултет за архитектура и дизајн , кадешто ги заврши и магистерските студии. Родена во Струмица, но живее во Скопје и работи во проектанското биро ''Иванов инженеринг''.

Comments are closed.

Scroll To Top