Home / Дизајн / Кожена јакна која ја променува бојата

Кожена јакна која ја променува бојата

Лондонски дизајнер Лорен Боукер со своите колеги од студиото The Unseen во текот на последните 10 години работел за да го создаде овој необичен моден проект. Боукер претставува кожена јакна што ја менуваат бојата според околината во која човекот ја носи, односно се адаптира на средина.

k1

Јакната реагира и на топлина, објаснува њујоршкиот сајт за технолошки иновации и креативност PSFK. Воодушевувачки реакции доаѓаат од сите страни, а тие создаваат одлична енергија благодарение на хемиска реакција која ја креира овој проект со обожавателите.

Покриена со врежани, релјефни ленти оваа облека изгледа како високо технолошко достигнување, како своевиден аеродинамичен костум. Таа е само еден од елементите на модната колекција, опремена со сетилност кон особеностите на светот во кој се адаптира и потонува додека се движите по улица, посебно кога се затоплува времето или се приближувате до оган.

k2

Ултравиолетовите зраци, звуците, триењето, влагата и загадувањето се другите фактори кои ја тераат јакната да ја промени бојата.

“Мојата алхемија се обидува да го открие она што не го гледаме, чувствуваме, слушаме или знаеме, а се случува околу нас и да го направи видливо”, објаснува Боукер. Здравството и автомобилската индустрија во Англија и во светот се заинтересирале исто така за неговиот проект.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top