Home / Космос / НАСА прашува кој вселенски костум ви се допаѓа повеќе

НАСА прашува кој вселенски костум ви се допаѓа повеќе

Американската вселенска агенција НАСА лансираше своевиден референдум за нов вид вселенски костум. Моделите се изложени на сајтот на Агенцијата за електронски одобрување и гласање.

1аа_3

Иницијативата е типична краудсорсинг кампања, наведува њујоршкиот сајт за иновации, технологии и креација PSFK. Костимите се од серијата Z-2 – нова генерација, дизајниран во рамките на подготовките за евентуална мисија со астронаути надвор од земјината орбита.

Првата опција е под името Biomimcry и е инспириран од биолуминисцентните способности на морските суштества кои живеат на неверојатни длабочини во океаните. Оваа темна, ладна морска средина со нагласен притисок често се споредува со условите на темниот простор. Во костумот е вградена електролуминисцентно нишка. Елементи на рамењата, колената, лактите и колковите кои емитираат светлина.

bio_spaceCenter_scaled

Вториот предложен костум за гласање се вика Technology и е создаден во знак на почит кон достигнувањата на вселенска технологија во минатото. Светлечко влакно емитува светлина, а има доста елементи кои можат да се користат во него, за да се направат различните форми кои можат да служат како уникатна постапка и способност со кој членовите на вселенскиот екипаж да се препознаваат еден со друг. Овој костим е опишан повеќе како мобилна опција за облека во вселената.

tech_nbl_scaled

Третиот предложен костум за гласање се вика Trends in Society и е под влијание на модата. Тој е некој вид на рефлексија по прашањето како би можела да изгледа облеката во не многу далечна иднина. Во него има елементи на спортска облека. И тука се користи електролуминисцентна жичка.

trend_rocks_scaled

Еден од овие костуми е сосема можно да ја види површината на друга планета, па од НАСА повикуваат на гласање. Гласањето се одвива овде. Обезбедени се уште повеќе детални информации за идеите за костумите. Веднаш по гласањето корисникот ќе може да разбере која од варијантите е одлучена и изгласана од повеќето луѓе.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top