Home / Музика / За Strumica Online ~ Deep (E)motion #4

За Strumica Online ~ Deep (E)motion #4

Deep (E)motion за Strumica Online е podcast #4 од нашиот resident, но светски познат диџеј, dj Boyan Hadji. Доколку ви се допаѓа музиката, слушнете кој се е дел од dj секторот на Strumica Online.

BojanO1

Следете ги миксовите, ветуваме редовни месечни миксови од познати урбани dj-и и менаџери на електронски забави. Интересот за оваа секција стана голем веднаш штом го споделивме првото парче на нашиот resident dj Igor Cige. Овде некаде се миксовите на dj Nennat Omen, dj Alex Cvetkov, dj Todoroff, dj Petar, dj Micky – сите пријатели на Strumica Online.

Boyan Hadji Deep (E) motion for StrumicaOnLine #4 03/2014 by Boyan Hadji on Mixcloud

Бојан Хаџи (Boyan Hadji) својата кариера ја започнува пред пет години, во 2008 година во Софија, каде на почетокот пушта музика од хоби на различни after party-а, додека во 2010 година започнува курс за продукција кај познатите DJ Lion & DJ Yobi (The Magic Of Production). Во 2011 година успешно го завршува курсот и веќе истата година го издава својот прв минимал трак „Devil’s Advocat“ за аргентинскиот лабел Ninefont, за веќе наредната, 2012 година го обележи и најголемиот успех со ремикс песната на Vlada Asanin – GrooveShaker BodyMaker заедно со DJ Lion, трака којашто се изкачи на високото 28 место на Beatport Tech-house chart.

Има пуштано музика низ повеќе клубови во Софија, како: Lifehouse, Amnesia, Oppium Русе, но и на open-air фестивали: Balkan Station, Air Dance, Grohoten, Karandilopolis, Rila Open Air и други.

Веќе повеќе од две години ја води својата едномесечна, а двочасовна online емисија “Behind The Twilight”. Емисијата може да ја слушнете секој последен петок од месецот, а истата може да се слушне на повеќе радио фрекфренции во светот, како: InfinityFM (BG), Kittikun Minimal Techno Shoutcast (JP), Xelestia (MEX), AdrenalinFM (SLO), Fnoob Techno Radio (UK), NightOnRadio (ROM) и тн.

Својот стил го определува помеѓу minimal house, deep progressive house, minimal и Dub Techno.

Повеќе за Boyan Hadji на mixcloud & soundcloud

Ние ќе бидеме добри и ќе покажеме отворен простор за секој оној професионален dj кој би сакал да сподели свој сет со струмичката публика заинтересирана за клубска музика. Доволно е да го испрати само на [email protected] или кај нас на facebook.

Повеќе музика може да најдете во dj секторот на Strumica Online!
Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top