Home / Духовност / Од каде потекнува Велигденскиот зајак?

Од каде потекнува Велигденскиот зајак?

Како што знаеме, во Библијата не присуствува ниту фарбањето јајца, ниту помалку познатиот по нашите земји велигденски зајак. Какви се овие паганските традиции кои постепено се врзуваат со христијанскиот празник, дознаваме од DiscoveryNews.

l

Еостра била Тевтонска божица на пролетта и плодноста и нејзиното славење било во пресрет на пролетната рамноденица. Нејзин симбол бил зајакот, животно, познато по својата плодност. Беда Достопочтени, првиот историчар на Англија, пишува дека англиското име на празникот – Easter – доаѓа од името на оваа божица.

Првата документирана легенда за Велигденскиот зајак датира од 16 век. Во 1680 година за прв пат беше објавена приказна за зајакот кој несе јајца и ги крие во градините. Наскоро во англосаксонскиот свет се воспоставува традицијата да се прават гнезда каде зајакот ќе може да ги снесе јајцата. Постепено гнездата се заменуваат со декорирани корпи, а ригестите јајца – со бонбони, колачи и ситни подароци.

HAPPY_EASTER

Кај нас Велигденскиот зајак стана популарен неодамна, но фарбањето на јајца е традиција од памтивек. Јајцето е исто така древен симбол на плодноста. Јајцата биле лакирани, украсени и насликани уште во предхристијанските времиња од страна на Римјаните, Галите, Персијанците и Кинезите. Како христијански верски симбол јајцето првично ја отелотворува гробницата на Исус и подигањето на каменот, а различни легенди раскажуваат дека црвената боја ја симболизира крвта на Христос.

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top