Home / Живот / Како да не купуваме облека која не ја носиме

Како да не купуваме облека која не ја носиме

Многу луѓе го имаат овој проблем – ќе купите нешто што ви се допаѓа, но го користите само еднаш и потоа го зафрлувате и заборавате. Така се трошат погрешно пари, но што да правиме кога не можеме да се избавиме од импулсот?

Дали постои начин повеќе да не ги купуваме непотребните предмети – особено облеката? Совршено сигурен метод не постои, но има неколку корисни совети. Тие може да се однесуваат како на облеката, па и до останатите импулсивни купувања на различни производи за кои потоа жалиме.

m1

Месо и компири

“70% од облеката треба да ви биде како месото и компирите, а 30% – како колачите со шеќерна глазура!”

- Модниот дизајнер Мајкл Корс

Корс ги нарекува месо и компири простите парчиња облека, оние кои може да бидат дополнети со додатоци или да се носат само така. Тоа е удобна облека која одговара за секаков случај и не ги шокира околните.

Шеќерната глазура пак се додатоците, облеката со необични бои или ткаенини и најбрилијантните вечерни парчиња. Тие можат да ве красат, да ви дадат неповторлив изглед, но не треба да сочинуваат повеќе од 30% од вашиот шкаф – инаку едноставно ќе собираат прашина и молци.

Овие совети не се однесуваат само за жените кои не можат да минат покрај продавница со убави додатоци без да купат нешто. Мажите исто така треба да размислат за практичноста на гардероба и да не претеруваат со официјалните костуми, вратоврски и додатоци – денес тоа воопшто не е модерно.

Купувањето облека за “сега”

Начинот на живот влијае врз она што го облекувате. Кои интереси ги имате? Во каква клима живеете? Каде го поминувате поголемиот дел од вашето време? Тоа се прашања кои треба да си ги поставувате пред да платите за некоја нова облека. На пример, ако одите по клубови и забави два пати годишно, а поголемиот дел од вашето време го поминувате во канцеларија, не вреди да купувате светла, секси облека, па дури и да е убава и добро да ви стои.

m2

Најди ја својата “униформа“

Определете која е облеката која ја облекувате најчесто, во која најмногу се чувствувате удобно и која одговара на вашиот лик и на вашата личност. Потоа размислете од која облека ви е непријатно и ве тера да се чувствувате чудно во својата кожа. Така, ако ви се допаѓаат маици, патики и фармерки, вие ќе знаете дека такви парчиња облека никогаш нема да се изгубат во вашиот шкаф. Во продавницата треба да барате на прво место парчиња од својата “униформа”.

Удобноста пред сè

Најверојатно сте купувале облека и чевли кои ви одговараат, но ви се мали? Сте се надевале дека ќе ослабнете и ја користите облеката како мотивација? Обично овие надежи се залудни. Пред да купите нешто такво бидете сигурни дека ви е потребно, удобно и се движите слободно во него.

Истото важи и за ткаенините. Ако во моментот на купувањето ви се чини дека ткаенината е акутна и остра, но тоа не ви пречи нешто посебно, размислете како ќе се чувствувате ако треба да ја носите на вашата кожа неколку часа по ред.

Не купувајте поради цената

Да, во продавниците често има распродажби на кои облеката се продава по ниски цени, но тоа не значи дека ќе ја носите “поволна” облека која сте ја купиле. Многу е лесно да дадете божем помалку пари за нешто по кое никогаш не би посегнале вообичаено. Така, без да забележите вие всушност трошите многу повеќе.
Истото важи и за високите цени. Брендираната облека може да чини многу само поради марката која ја претставува, но тоа често не значи дека таа е подобра.

m3

Секогаш може да ги вратите

Ако сте се вратиле дома по безумен шопинг и одеднаш сте разбрале дека никогаш нема да ги користите вашите купени парчиња, храбро вратете се назад во продавницата и вратете ја облеката која сте ја купиле. Во повеќето современи продавници ова е можно, под услов парчињата да не се носени или оштетени. Најверојатно постапката ќе ви биде непријатна, но токму така следниот пат ќе помислите два пати пред да купите нешто излишно.

Секогаш бидете заинтересирани дали продавницата води политика за враќање на облеката. Ако не, подобро одете на друго место. И креирајте навика да ги чувате фискалните сметки и кесите во кои биле спакувани.

Безмилосно фрлајте го непотребното

Ако ви подариле нешто што не ви се допаѓа, ослободете се од него. Зошто да ги натрупате шкафовите со непотребни предмети? Не треба да ги фрлите на ѓубрето – може на некој роднина или пријател да му се допаднат, или пак да ги дадете за добротворни цели.

По материјали од Lifehacker

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top