Home / Uncategorized / 11 животни вистини за нашите односи со луѓето

11 животни вистини за нашите односи со луѓето

Силуета на човек се исправува пред вас. Може да е стар пријател. Сосед. Или апсолутно непознат човек. Постојат 11 работи кои треба да се имаат предвид за односите со него, пишува “Manager News”.

The-Most-Important-Life-Lesson

1. Никогаш не знаеме во целост колку страдаат луѓето околу нас. Може да сте со некој кој е целосно уништен однатре и никогаш да не дознаете. Затоа никогаш не лишувајте го човекот до себе од надеж. Тоа може да е сето она што тој го има. И запомнете дека постојат два начина да се растера светлината во овој свет: Можете да бидете зрак надеж или огледало кое ја одразува. Бидете едно од двете со секоја шанса која ви се придава.

2. Најважното патување кое ќе го поминете во животот е да се соочите со другите некаде по патот. Ќе постигнете многу повеќе ако работите со луѓето, а не против нив. Ако пуштите позитивен глас и му покажете на некого дека неговите идеи имаат значење, ќе го продолжите позитивното влијание врз него и врз вас самите.

3. Врските со останатите не создаваат среќа, тие ја одразуваат. Среќата е внатрешно чувство. Односите со другите околу нас се само огледало на нашата сопствена внатрешна среќа. Тие ја рефлектираат и ни помагаат да ја прославиме. Тие односи зависат од мислите и нашите верувања.

4. Сочувството се враќа. Синот кој и помага на својата тешко болна мајка и покрај заморот. Соседот на кого секогаш може да се потпрете, иако самиот тој има потреба од поддршка. Самец, кој го прифатил повикот да донира пари за здравје. Можеби нема да ги слушнете имињата на овие непознати херои на вестите. Но животот и универзумот ги слуша и им се исплатува како што доликува. Кој дава, ќе добива.

5. Точниот момент е сè. Има време за молчење, време да заборавиш и да дозволиш на твоите пријатели да го следат патот на сопствената судбина. Има и време да се зарадуваш на нивната победата, како и да им помогнеш да ги соберат парчињата кои им се потребни кога сè е готово.

How-To-Learn-Your-Life-Lesson

6. Активностите претставуваат најгласната форма на комуникација. Она што го правите, ќе зборува за вас толку многу што на другите ќе им е тешко да ве слушнат што велите. Затоа правете го она што го проповедате или воопшто не го проповедајте. Пропуштете ги зборовите. И запомнете дека секогаш има огромна празнина меѓу она што некој го кажува и она што го прави. Ако се карактеризираат луѓето по нивните дела, вие никогаш нема да бидете измамени од нивните зборови.

7 . Цврстата врска/ контакт ги држи вратите и прозорците отворени. Така циркулира многу воздух и никој не се чувствува заробен. Односите со другите процветуваат во слободна средина.

8. Луѓето се повеќе она што премолчуваат отколку она што го кажуваат. Обрнувајте внимание на нивните тивки гестови.

9. Она што другите го кажуваат и прават е основано во целост на нивната сопствена идеја за себе. Ако ви зборуваат лути и вознемирени луѓе, останете смирени и зачувајте го присуството на духот, продолжете да ги третираат со добрина и со почит. Така се поставувате во позиција на голема превласт над нив, а со тоа можете да им помогнете.

10. Вистината е да даваш без очекувања. Добриот карактер и вистинското пријателство се целосно поврзани со тоа како човек се грижи за друг кој е ранлив и не може да даде ништо за возврат. Затоа, кога преминувате низ тешки времиња и излезете на другиот брег, погледнете наоколу. Луѓето кои останале да стојат до вас се вашите вистински пријатели.

11. Не секој однос е замислен да постои засекогаш. Некои луѓе нема да останат во вашиот живот. Тие само минуваат низ него за да ви дадат нешто – можеби лекција што треба да ја научите или спомен, кој ќе ве тера да се смеете подоцна. Кога таков момен ќе настапи, бидете подготвени да го пуштите човекот на слобода и да продолжите напред во вашиот живот.

Мали совети од блогерот Марк од marcandangel.com

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top