Home / Мода / Извонредната Lupita Nyong’o на насловната страна на американскиот Vogue

Извонредната Lupita Nyong’o на насловната страна на американскиот Vogue

Откако се појави на актерската сцена, Lupita Nyong’o не престанува да ја фасцинира јавноста со својата појава, талент и „заразната“ енергија со која ги освои сите критичари, уредници, па и нејзините колеги.

A1

Младата актерка во изминатата година успеа да го достигне она што на другите не и оди од рака во години кариера: освои Оскар, прогласена е за нова модна ѕвезда, сними неколку кампањи, стана заштитно лице на Lancȏme и е прогласена за најубава жена на светот според магазинот People.

A2

Насловната во Vogue беше нешто кое се очекуваше во секој момент. За јулското издание Lupita позираше пред објективот на Mikaеl Jansson во еден од најдобрите едиторијали кои американскиот Vogue ги објави последните година дена. Живописен сет во кои убавицата совршено се вклопува е вистинско освежување во низата стерилни работи какви што американскиот Vogue ни ги презентираше во последно време. Стајлингот е дело на Phyllis Posnick , додека Lupita ги носи на себе новите колекции со потписите на светските модни куки.

За овој едиторијал навистина вреди да се потрошти 5 минути од Вашето скапоцено време.

A3

About AnMary

Моден дизајнер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top