Home / Инфо / 100 Илјади поети за промена по четврти пат во Струмица

100 Илјади поети за промена по четврти пат во Струмица

Четврто издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“, Струмица 2014 година

100cover

Во сабота, 27 септември 2014 година, во Струмица ќе се реализира четвртата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“. Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација 100 Thousand Poets for Change, меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави.

Ова е манифестација која има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во/ околу себе. За оваа година се закажани 700 настани, во повеќе од 100 држави во светот.

100SHIRENJE

Како дел од програмата во Струмица ќе се реализираат две читања, од кои денските поетските рецитали се наменети за основците и средношколците од општина Струмица кои претходно ќе се пријават на отворениот конкурс, додека вечерното читање е наменето за поетите од цела држава кои со целосен ентузијам ја поддржуваат идејата и мисијата на самото движење.

Освен конкурсот за испраќање песна, отворене и конкурс за испраќање на плакат решение кое ќе биде дел од изложба за време на фестивалот. Поезијата и вашите дизајнерски решенија (A3 формат) можете да ги испраќате на [email protected].

Оваа година по втор пат ќе биде промовиран алманах „100 Илјади поети за промена II“ во кој ќе бидат застапени дел од поетите кои ќе учествуваат на конкурсот за поезија, останатите ќе бидат објавени на нашата страница, веднаш штом ќе бидат испратени на нашата адреса.

profil

Струмица е веќе четврти пат дел од ова глобално движење кое служи за подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со кои се соочуваме секојдневно, поетите имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми.

Стиховите ослободуваат посебно кога во нив имаат силна порака!

Нешто пораzлично од градот...

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top